social image

ЛОЈАЛНОСТ.

 

ЧЕСНОСТ.

 

ПРАВДА.

ЗА НАС
Почнувајќи од 24.12.1993 година, Адвокат Љупчо Илиев основа адвокатска канцеларија и обезбедува професионална адвокатска услуга по највисоки стандарди, а сметано од 01.01.2013 година, континуирано, адвокатските услуги продолжија да се даваат од тимот на адвокати на Адвокатско друштво ИЛИЕВ.

Разбирањето на комплексната и ризична бизнис клима, долгогодишното искуство, познавањето на деловното право, е гаранција дека клиентот ќе биде успешно правно советуван и застапуван во неговите проекти.

Адвокатското друштво Илиев е тим од адвокати, посветени на обезбедување на правно застапување на клиентите. Нашите правни услуги се нудат во зависност од потребите на клиентот како примарна грижа.

Тимот на Адвокатско друштво ИЛИЕВ обезбедува правни услуги во зависност на вашите цели. Интенција при соработката е, помаѓање во избегнување на судски спорови, што би значело, вонсудско решавање на споровите, се разбира доколку тоа е од интерес на клиентите. Без разлика дали се добри или лоши вести, постојат моменти во животот на една личност кога одредена правна проблематика, најдобро може да ги реши адвокат.

Со начинот и квалитетот на работа на нашите вработени адвокати, веќе имаме правна и деловна соработка со друштва кои се лидери во посебни области на извршување на деловни активности, а особено, соработка со реномирани друштва од посебни области, вклучувајки осигурителни компании, финансиски организации, градежништво, транспорт, како и физички лица.
ПРАВНИ УСЛУГИ
handshake ПРАВНИ КОНСУЛТАЦИИ И СОВЕТИ ВО ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ

Контактирајте нè за повеќе информации.

balance ЗАСТАПУВАЊЕ ПРЕД СУДОВИТЕ И ДРУГИТЕ ОРГАНИ НА ЦЕЛА ТЕРИТОРИЈА НА РЕПУБЛИКА С.МАКЕДОНИЈА

  • иницирање на судски постапки
  • иницирање постапки пред надлежен нотар
  • иницирање постапки пред надлежен извршител се до нивно конечно завршување
  • иницирање на управни постапки, како и други постапки пред органите на територијата на Република С.Македонија

approval_delegation НАДОМЕСТ НА ШТЕТА

  • Остварување на право на надомест на штета од автоодговорност
  • Остварување на право на надомест на штета од угриз од куче скитник
  • Остварување на право на надомест на штета по сите други основи.

contract_edit ОБЛИГАЦИОНО ПРАВО

  • Изготвување на Преддоговори и Договори, согласно Закон за облигациони односи
  • Анализа и совети при постапка за купопродажба на движен и недвижен имот
  • Анализа и совети при воспоставување останати облигациони односи

diversity_3 ПРАВНА ПОМОШ ВО ВРСКА СО ПАРИЧНИ ПОБАРУВАЊА/ДОЛГУВАЊА (ДОВЕРИТЕЛИ/ДОЛЖНИЦИ)

  • Усно и писмено контактирање со доверители/должници за меѓусебни побарувања/долгувања
  • Судска постапка за наплата на парични побарувања од должници
  • Правна помош во постапка пред нотар
  • Правна помош во постапка пред извршител
  • Правна помош во постапка пред суд

trip ТРГОВСКО ПРАВО

  • Регистрација на фирми и нивно понатамошно застапување во текот на деловното работење
  • Регистрација на здруженија на граѓани и невладини организации
  • Застапување во стечајни постапки , давање правна помош во случај на стечајна постапка
  • Застапување и давање правна помош при решавање на спорови меѓу правни лица-вонсудски и судски
  • Составување на договори од деловното работење
  • Составување на интерни акти
  • Советодавни услуги на управителот и менаџерскиот тим
  • Адвокатското друштво ИЛИЕВ е лиценциран регистрационен агент за упис и вршење на промени во Централен регистар на Република Северна Македонија

history_edu НАСЛЕДНО ПРАВО

  • Составување на наследно-правни договори и тестаменти
  • Правна помош во оставинска постапка
  • Застапување при решавање на спорови меѓу наследници (наследно правни спорови)

supervisor_account ТРУДОВО ПРАВО (РАБОТНИ ОДНОСИ)

  • Заштита на правата од работен однос на работниците во постапка кај работодавец или во судска постапка како: право на плата, право на надоместоци од плата определени со закон и колективен договор, право на посебна заштита во случај на бременост, раѓање, родителство и нега на член на семејството, заштита од неосновани причини за откажување на договор за вработување.
  • Адвокатското Друштво ИЛИЕВ врши адвокатски услуги од областа на трудовото право во врска со правата на работниците почнувајќи од застапување на кандидатите за вработување по оглас, до работници вработени на определено и неопределено време.
  • Адвокатското Друштво ИЛИЕВ врши адвокатски услуги за работодавците од областа на трудовото право преку давање на правни совети и помош при спроведување на постапки за примена на законски и подзаконски акти од областа на трудовото законодавство.

family_restroom СЕМЕЈНО ПРАВО

  • Поништување на брак
  • Развод на брак
  • Решавање на имотни спорови меѓу поранешни брачни другари
  • Утврдување или оспорување на татковство и мајчинство
  • Спорови за доверување на чување, воспитување и издржување на деца

gavel КРИВИЧНО И ПРЕКРШОЧНО ПРАВО

  • Иницирање и поведување на кривична постапка пред надлежно Основно јавно обвинителство или пред надлежниот кривичен суд
  • Застапување на обвинет или оштетен во кривична постапка пред Основно јавно обвинителство или надлежниот суд
  • Постапување во прекршочни предмети


Зависно од комплексноста на проектите, како и проблематиката на споровите, Адвокатското друштво ИЛИЕВ ангажира некој од своите постојани соработници, адвокати или лиценцирани вешти лица, како би имало ажурно и квалитетно дадена правна услуга за нашите клиенти.
НАШИОТ ТИМ
ЉУПЧО ИЛИЕВ
Адвокат Партнер, Член на Адвокатска Комора на Република С.Македонија (1993)

+389 75 265589
contact@iliev-law.mk, adiliev@yahoo.com


ОБРАЗОВАНИЕ: Универзитет Св.Кирил и Методиј, Правен Факултет ,,Јустинијан Први,, Скопје (1985)

ЈАЗИЦИ: Српски, Хрватски

ОБЛАСТИ НА ДЕЛУВАЊЕ: Надомест на штета, работни спорови, имотно-правни односи, должничко-доверителски односи, кривично право и прекршочна постапка, недвижности и градежништво
ЈОВИЦА ИЛИЕВ
Адвокат Партнер, Член на Адвокатска Комора на Република С.Македонија (2012)

+389 78 265589
contact@iliev-law.mk, adiliev@yahoo.com


ОБРАЗОВАНИЕ: Универзитет Св.Кирил и Методиј, Правен Факултет ,,Јустинијан Први,, Скопје (2008)

ЈАЗИЦИ: Англиски

ОБЛАСТИ НА ДЕЛУВАЊЕ: надомест на штета, должничко-доверителски односи, кривично право и прекршочна постапка, работни спорови, недвижности и градежништво, семејни спорови, регистрационен агент при Централен регистар на Република С.Македонија
ИВАНА ИЛИЕВ
Адвокат, Член на Адвокатска Комора на Република С.Македонија (2016)

+389 78 221420
contact@iliev-law.mk, adiliev@yahoo.com


ОБРАЗОВАНИЕ: Универзитет Св.Кирил и Методиј, Правен Факултет ,,Јустинијан Први,, Скопје, Магистар по правни науки (2013)

ЈАЗИЦИ: Англиски, Шпански

ОБЛАСТИ НА ДЕЛУВАЊЕ: наследно право, имотно-правни односи, купопродажба, недвижности и градежништво, надомест на штета, должничко-доверителски односи, регистрационен агент при Централен регистар на Република С.Македонија
КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ
ИМЕ*
ПРЕЗИМЕ*
ТЕЛЕФОН*
Е-ПОШТА*
ВАШАТА ПОРАКА*
*
Ве молиме прочитајте ја нашата Политика за приватност и кликнете на копчето погоре за да ја испратите пораката.